18 C
Скопје

Борисов во петок ќе дава отчет за сработеното пред бугарскиот Парламент

Новоизбраната претседателка на бугарскиот Парламент, Ива Митева, денеска соопшти дека на првиот претседателски совет била донесена одлука пратениците да немаат одмор за Велигден.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, се разговарало и за формирање на првите неколку комисии во новиот 45-ти бугарски Парламент, како и за внесување во процедура на нацрт-законот за измена и дополнување на Изборниот законик. Измените се однесуваат на избирачките места во странство, Изборниот законик и гласањето на Бугарите во странство.

Бугарскиот Парламент ќе ја одржи својата прва редовна седница в петок, на која ќе биде сослушан премиерот Бојко Борисов. Ова е одлуката што ја соопшти претседателката на пратеничката група на „Стани! Излези!” Маја Манолова.

На истата седница ќе се расправа и за предлогот на „Стани! Излези!” за формирање на комисија за ревизија на владеењето на ГЕРБ, како и на првите три комисии – за правни работи, за здравство и за буџет.

Манолева објасни дека до завршувањето на реновирањето во поранешниот Партиски дом пратениците ќе заседаваат во старата зграда на бугарскиот Парламент.

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Остави Коментар