Борисов: Угостителите нека се сетат дека пред еден месец немаше слободни кревети во болниците

Бојко Борисов/ Фото: Архива на Слободен Печат

Покрај нашите напори и напорите на медиумите, не можеме да ги убедиме граѓаните дека вирусот е многу заразен и има луѓе кои умираат. Ова го рече бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на работната средба со претставници на Советот за национална безбедност, штабот за вакцинација и министрите.

“Не можам да ги убедам, така си го објаснувам масовното прекршување на мерките на рестораните и баровите, приватни забави каде што се собираат 100 или повеќе луѓе. Луѓето кои се исплашени не можат да го прават тоа. Или луѓе кои знаат дека пандемијата и новата варијанта на вирусот е во воздухот, тие не можат да го сторат тоа, односно сè уште не можеме да објасниме колку е целата ситуација опасна“, коментира Борисов.

Според него, сепак, враќањето на учениците во училиштето е нешто што заслужува ризик.

„За учениците и нивното ментално здравје и образование вреди да се ризикува. 480.000 одат од прво до четврто одделение и во градинки. Заразата сигурно ќе се прошири, но тоа можеме да го пресметаме и прифатиме како ризик, бидејќи тоа е во корист на иднината и на децата. Единствената работа со која што здравјето може да се натпреварува, тоа е образованието“, категоричен е тој.

Премиерот Борисов го упати министерот за здравство Костадин Ангелов да се состане со претставници на ресторани, барови и ноќни клубови и повторно да разговара за можните опции за нивно функционирање.

„Сите нека се сетат дека пред еден месец имаше луѓе кои починаа во амбулантни возила. Немаше кревети во болниците, имаше луѓе на кои им беше многу тешко и се бореа за кревети. Тоа беше пред еден месец. За среќа, со нашите мерки, го запревме за неколку недели“, рече премиерот.

Извор: Дарикњуз.бг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот