Борисов: Советодавниот совет за национална безбедност свикан од Радев беше апсолутно непотребен

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Советодавниот совет за национална безбедност, свикан од претседателот на Бугарија Румен Радев на тема Северна Македонија, беше апсолутно непотребен, бидејќи само ги потврди намерите запишани во Договорот за добрососедство уште од владата на ГЕРБ. Сепак, вистинската цел беше друга – Радев да покаже дека всушност тој управува. Ова, како што пренесуваат бугарските медиуми го изјавил на брифинг на ГЕРБ лидерот на партијата и поранешен премиер Бојко Борисов.

– Сосема непотребен Советодавен совет за национална безбедност. Несвесен што му се случи вчера – претседателот Радев му ја одзеде секоја можност за маневри. „Затоа што, кога апсолутно сите партии се на истиот став, тие дури и во Парламентот нема како да бараат реакција, изјавил Борисов, коментирајќи ги постпаките на претседателот Радев.

Зошто беше потребен овој Советодавен совет за национална безбедност, запраша Борисов, одговорајќи: „Сосема непотребно како одговорност, како државност, сосема непотребно како неопходност. Или со првата цел – да се покаже дека Претседателството е горниот дом на Парламентот и Претседателството ги намалува задачите на партиите, парламентот и владата”.

Според Борисов, ништо суштински ново не било формулирано на седницата на Советодавен совет за национална безбедност, а што го нема во Договорот за добрососедство.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот