Борисов се откажува од пратеничкото место во парламентот

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Лидерот на партијата ГЕРБ, која победи на парламентарните избори во Бугарија, Бојко Борисов, официјално објави дека нема да биде пратеник.

ЦИК го одобри барањето доставено од него, со кое тој одбива да биде именуван за избран претставник од два региони – Софија и Пловдив, а на негово место ќе дојдат двајца заменици.

Поранешниот министер за транспорт на Бугарија за време на владата на Кирил Петков – Николај Сабев преку објава на Фејсбук објави дека одбива да влезе во 48. Народно собрание, каде што е избран од градот Русе. ЦИК го прифати одбивањето на Сабев.

Сабев напиша дека денес гледа дека „Продолжувамесо промената” ги освои срцата на многу Бугари и сигурен е дека она што го започна пред една година со овој политички проект е веќе причина за голем дел од општеството.

Сабев пишува дека никогаш не сакал да биде професионален политичар, а сега верува дека ќе биде покорисен за подобрување на деловното опкружување отколку на политичката сцена во Бугарија. Тој ќе продолжи да и помага на својата партија, а во заклучок напиша „Продолжуваме со промената!”

Централната изборна комисија на Бугарија го објави бројот на освоени мандати во 48. Народно собрание на Бугарија ГЕРБ – СДС 67 пратеници, „Продолжуваме со промените” – 53, Движењето за права и слободи – 36, „Преродба” – 27, БСП – 25, „Демократска Бугарија” – 20 и „Бугарски подем” – 12. Во новиот бугарски парламент нема да биде избран ниту еден независен кандидат кој не е член на политичка партија или коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот