Борисов: Русија е подготвена за нов договор со Турција за С-400

Одлуката на Турција за набавка на руски ракетни системи С-400  земја- воздух наиде на остри негативни реакции од САД и НАТО.

Русија е подготвена да потпише нов договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 на Анкара, доколку Турција изрази таква желба, изјави денеска рускиот вицепремиер Јуриј Борисов.

– Тие имаат таква опција и ние ќе склучиме договор, доколку изразат желба, рече Борисов.

Во септември 2017 година, Русија соопшти дека потпишала договор со Турција во вредност од 2,5 милијарди американски долари за испорака на противвоздушни ракетни системи С-400 на Анкара. .
Турција е првата членка на НАТО што набавува вакви системи од Русија, а испораката на С-400 до Анкара започна на 12 јули 2019 година.

  1. Сепак, одлуката на Турција за набавка на руски ракетни системи С-400  земја- воздух наиде на остри негативни реакции од САД и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот