Борисов разговараше за тензиите во Црно Море со шефот на Воениот комитет на ЕУ

Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов се осврнал на ескалацијата на тензиите во Црното Море за време на состанокот со претседателот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Клаудио Грацијано, оценувајќи дека ситуацијата е загрижувачка и потребно е да се одржат разговори на оваа тема.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, бугарската Влада секогаш ќе биде на страната на евроатлантските вредности, коментирајќи дека меѓу клучните приоритети на Бугарија е гарантирање на безбедноста, сигурна заштита и одбрана на земјата.

– Изминатите четири години беа исклучително успешни за бугарската армија, додаде Борисов.

Тој го потенцираше интензивниот процес на модернизација кој е во тек во однос на бугарските вооружени сили. Премиерот истакна дека Бугарија е меѓу земјите кои достигнале ниво од два отсто од бруто домашниот производ (БДП) од трошоците за одбрана.

Борисов го потсети генералот Грацијано дека Бугарија купила нови повеќенаменски авиони-ловци Ф-16 блок 70 и исто така работи напорно за да купи два нови брода за својата морнарица. Бугарскиот премиер, исто така, се осврна и на растечките очекувања, како во рамките на ЕУ и НАТО, кон улогата на Заедничката политика за безбедност и одбрана на ЕУ во справувањето со новите безбедносни закани и управувањето со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот