Борисов: Радев е сценарист на сè, затоа тој знае и повеќе од мене

Румен Радев е сценарист на сè, затоа тој знае и повеќе од мене, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска пристигна во Пловдив.

Борисов посочи дека шефот на државата е сценарист на антивладините протести, кои се одржуваат осми ден по ред во Софија, како и во повеќето градови во земјата.

Опишувајќи се себеси за најискусен политичар, најмногу избиран од народот, Борисов ја коментираше одговорноста на Владата и коалициските партнери да не се „дели” земјата во моментов, затоа што до крајот на годинава светот ќе го зафати тешка криза.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера им се обрати на демонстрантите, истакнувајќи дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните само ја продолжува кризата, довербата е изгубена.

– Една недела илјадници Бугари се на плоштадите барајќи оставка од Владата и од државниот обвинител, барајќи слобода, закон и правда. Жителите на Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора, Велико Трново и многу други градови се доказ дека протестот е на национално ниво и ги обединува сите возрасти и социјални категории, нагласи Радев.

Тој додаде дека протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопување на демократските институции и закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот