Борисов пред Илинден во Скопје

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на 1 август ќе престојува во посета на Скопје каде што заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план, а двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје.

Предвидено е Борисов во Скопје да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски.

Во Дојран Борисов и Заев ќе го откријат и споменикот на полковник Константин Каварналиев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот