Борисов потврди дека Даниел Митов ќе биде предлог на ГЕРБ за нов бугарски премиер

Лидерот на ГЕРБ и бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, денеска ја потврди веста дека неговата партија ќе го номинира поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, од неговата втора влада во периодот 2014-2017 година за нов бугарски премиер. ГЕРБ тоа ќе го стори за време на консултациите за формирање на новата бугарска Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов веста ја објави во живо на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска, Борисов од Велико Трново најави дека ќе предложи друг кандидат за бугарски премиер со „нова јасна ориентација кон Европа и НАТО”. Името на Даниел Митов тогаш се појави во голем број бугарски електронски медиуми.

Борисов и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договорената нова забрзана испорака на 50 милиони дози од вакцината „Фајзер”/ „БиоНТек”, што се очекува да пристигнат во ЕУ во вториот квартал од годината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот