Борисов побара извинување од Ивица Дачиќ

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица далчиќ ја оцени погрешна својата изјава за бугарскиот премиер Бојко Борисов, кога кажа дека шпанскиот дипломат треба да ја застапува позицијата на ЕУ во однос на Косово, а не неговата држава, која е против признавањето на независноста на Косово.

– Премиерот Борисов всушност одговара на прашање дали Брисел ќе е пристрасен, зашто Шпанија не го признава Косово. Тоа за мене суштински го менува контекстот не неговата изјава. Со Борисов соработувам со години и бев изненаден од интерпретациите на неговите зборови во нашите медиуми. Сето тоа го прочитавме со министерката Захариева. Со Бугарија сакаме добри односи, пријателски, сојузнички и стратешки, зашто тоа е во интерес на двете држави и двата народа – рече Дачиќ.

Борисов, од друга страна,  истакна дека сака  јавно извинување од српскиот шеф на дипломатијата.

– Вчера си дозволи да го повика нашиот амбасадор и да му каже дека моето однесување е неприфатливо. Дачиќ сега ќе види што е неприфатливо однесување.До вчера зборував со најдобри зборови, но откако си го дозволи тоа… Се додека не ми се извини на мене, не ме интересира што ќе кажат ниту Александар Вучиќ ниту Ана Брнабиќ – истакна Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот