Борисов: Нема да затвораме ништо, кој сака нека се прибере дома и нека седи заклучен, не е забрането

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека нема намера повторно да ја затвора земјата, иако расте бројот на заразени со коронавирус. Одговарајќи на новинарско прашање дали било грешка отворањето на кафулињата, ноќните клубови и стадионите, Борисов кажа дека секој може да се прибере дома, да се заклучи и да седи таму и дека нема потреба од забрани.

„Кога беше затворено, секој ден ме прашувавте кога ќе отворите. Ете отворивме, сега ме прашувате кога ќе затворите. Штабот, ако ги прашам, ќе ми предложат да затворам апсолутно сè. Секој може да се прибере дома, да се заклучи и да седи таму, не е забрането. Зошто сакате со наредба да забрануваме? Не се групирајте, пазете се, треба да живееме“, кажа Борисов денеска во Сончев Брег.

Борисов кажа и дека според некое социолошко истражување, 40 отсто од луѓето не веруваат дека има коронавирус.

Денеска во Бугарија беа регистрирани 180 нови случаи на коронавирус од 2.691 тест. Вчера беа регистрирани 182 случаи, што беше рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот