Борисов: Нема да станам доктор Менгеле за да го задоволам Радев

Фото: МИА

СЗО даде јасна и категорична изјава. Гледајте телевизија, гледајте трагедии во други земји. Мерките не треба да бидат послаби, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Денес Германците ги воведоа контролните пунктови што ние ги поставивме пред 10 дена. Јас нема да експериментирам со луѓе. Имаше различни доктори како Менгеле кои правеле експерименти, убивале луѓе, земале делови од нив, но јас нема да го сторам тоа за да го задоволам претседателот Румен Радев. Не можеме да го ризикуваме здравјето на луѓето – рече Борисов.

Тој посочи дека, ако претседателот Радев одлучи, може да стави вето на Законот за вонредни состојби и тоа е негова одговорност.

Вонредната состојба во Бугарија е продолжена до 13 мај по предлог на Министерскиот совет и врз основа на Уставот. Така одлучија вчера народните избраници во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот