Борисов: Негативен сум на ковид-19, можам да го пречекам премиерот Заев

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов информираше дека добил негативен резултат на вториот ковид-тест, и денеска ќе го пречека македонскиот премиер, Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија.

-Негативен сум на Ковид-19, покажа вториот последователен тест. Во согласност со наредбите на здравствените власти, можам да го пречекам премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и да го одржам Самитот на Берлинскиот процес- напиша Борисов.

Заев утрово замина за Софија каде заедно со Борисов ќе претседава со Самитот. Свои обраќања ќе имаат канцеларката на Германија Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот