Борисов му изразил сочувство на Заев за жртвите во сообраќајната несреќа

Зоран Заев Бојко Борисов
Зоран Заев, Бојко Борисов / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов му изразил сочувство на премиерот Зоран Заев по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46 луѓе ги загубија животите.

– Телефонски разговарав со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Изразив сочувство за загинатите граѓани на неговата земја во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма”, напиша на Фејсбук Борисов.

Тој изрази уверување дека надлежните институции ќе ги утврдат причините за несреќата.

Борисов исто така го уверил Заев дека настраданите кои се хоспитализирани во болницата „Пирогов” во Софија ќе ја добијат најквалитетната медицинска нега.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот