19 C
Скопје

Борисов: Ќе предложам друг кандидат за премиер со јасна НАТО и европска ориентација

Бугарскиот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов ќе предложи друг кандидат за претседател на владата по парламентарните избори во Бугарија. Ова тој самиот го изјави за време на неговата посета на Велико Трново.

– Јас нема да бидам премиер. Ќе номинирам друг премиер со голема европска, НАТО ориентација, додаде тој. Звучи нескромно, но нема поподготвен од мене. Не случајно ние сме првата политичка сила. Многу луѓе сакаат да бидам јас, но јас отсекогаш верував дека единството ја прави силата. Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде номиниран друг кандидат, рече Борисов.

Сепак, тој одби да одговори на новинарско прашање чија кандидатура ќе биде предложена и додаде дека нема да даде коментар пред одлуката на извршниот совет на ГЕРБ.

– Според Уставот, имаме една недела да одржиме консултации, додаде тој и категорично изјави дека не се плаши доколку треба да има привремена влада.

Борисов смета дека нови избори не се опција бидејќи значат „нови пари, нов хаос и ужас”.

Поврзани вести

„Лидл“ ќе вложи 500 000 евра во Македонија

Слободен печат

Бремена жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило

Слободен печат

Лекарите му дале само три дена боледување на ковид пациент зависен од кислород со сатурација 80!

Владата ќе го прошири кабинетот на генералниот секретар Зеќири бидејќи канцеларијата на Рашковски ја зел Груби

Слободен печат

Грујовска: Од почит кон Ромите го тргнавме зборот „циган“, другите зборови нема да ги тргнеме

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче

Слободен печат

Остави Коментар