Борисов: Камионот, со 39 беживотни тела, не бил во Бугарија од 2017 година 

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не може да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во нашата земја од регистрацијата во 2017 година, изјави денеска премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Тој истакна дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата.

– Камионот во 2017 година е регистриран во Бугарија од државјанка на Ирска. Потоа замина од земјата и никогаш повторно не влезе. Така што на ниту еден начин не можеме да бидеме поврзани, освен со регистарските таблички на камионот, истакна Борисов.

Во камион во британскиот град Есекс денеска се пронајдени безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.

Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот