Борисов: Гоце Делчев е бугарски херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија – Слободен печат
ВестиРегион

Борисов: Гоце Делчев е бугарски херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија

Борисов ги повикал балканските држави на повеќе разум и взаемна економска соработка, а не на продолжување на конфликтите.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, на меѓународниот економски форум во Пловдив, истакна дека хероите како Гоце Делчев треба да ги обединуваат двете земји, а не да ги разделуваат.

„Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. Тој е бугарски херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија. На истиот начин Че Гевара, Аргентинец, се борел за Куба, а загинал во трета држава. Наместо да нѐ обединуваат, овие херои стануваат јаболко на раздорот”, изјавил Борисов.

Борисов ги повикал балканските држави на повеќе разум и взаемна економска соработка, а не на продолжување на конфликтите.

„Имаме ретка шанса, на оваа земја наречена Балкан, натопена со крв како никое друго место, да создадеме прекрасна бизнис клима”, додаде Борисов.

Тој изразил надеж дека заедничката експертска бугарско-македонска комисија во најкус можен рок ќе ги донесе потребните заклучоци за да може Бугарија да ја поддржи Северна Македонија за членство во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close