Борисов го демантира „Ел Периодико“: Немам имот во Барселона

По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години, нагласи бугарскиот премиер.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред новинарите во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико” дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

– По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години, нагласи бугарскиот премиер.

„Не се мои пари, јас немам никаква врска со тие компании. Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина“, додаде Борисов.

На прашањето дали ќе разговара во врска со овие обвинувања со неговиот шпански колега Педро Санчез на маргините на Европскиот совет, премиерот Борисов рече дека не треба да се разговара за некоја тема што е јасно направена за да се извалка неговото име.

Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за животна средина и членот на Комисијата за етика на ГЕРБ, Ивелина Василева изјави дека информацијата за спроведена истрага против Борисов од страна на шпанската полиција е „лажна”.

– Немам таква информација и затоа сметам дека не треба да коментирам нешто за кое верувам дека е лажно – истакна Василева во Народното собрание на Бугарија.

„Ел Периодико“: Бојко Борисов осомничен за наводно перење пари во Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот