Борисов: Доцнењето на вакцините веќе станува политички проблем

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Видео-конференцијата на Европските народни партии (ЕПП) беше фокусирана на набавката на вакцини и односите на Европската Унија со Турција и со Русија, за кои шефовите на држави и влади ќе разговараат на Европскиот совет, соопшти партијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на владејачката партија во Бугарија и премиер Бојко Борисов на конференцијата истакна дека „доцнењето во снабдување со вакцините веќе станува политички проблем”.

Тој во исто време ја поздрави подготвеност на ЕК да примени разни мерки на фармацевтските компании со цел да се забрза снабдувањето со лекови.

– Основните вредности на ЕУ се единството и солидарноста. Ајде да го покажеме. Ниту една земја не треба да остане сама во оваа криза и каде што има потреба, да се помогне, наведе Борисов.

Тој се осврна и на односите на ЕУ со Турција и со Русија.

– Мир и дипломатија, така мора да се решава секој проблем. Двете земји се наши важни партнери и ние мора да продолжиме да одржуваме активен дијалог со нив. Сепак, како најголема европска партија, не смееме да правиме компромис во нашите односи со почитување на основните европски вредности и меѓусебно почитување, додаде бугарскиот премиер и лидер на ГЕРБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот