Борисов: Бугарија подготвена да го заштити воздушниот простор на Северна Македонија со авиони Ф-16

Бугарија, која е членка на НАТО, може да и помогне во заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија, ако склучи договор за купување осум авиони Ф-16 од САД, рече премиерот Бојко Борисов.

Новинската агенција БГНЕС пренесува дека Бугарија, која е исто така членка и на ЕУ, се обидува да ги замени своите стари МиГ-29 и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО.

Американскиот Стејт департмент одобрил евентуалната продажба на осум авиони Ф-16 и слична опрема за Бугарија, по цена од 1,67 милијарди долари. Сепак, Бугарија очекува САД да понудат на продажба авиони по намалена цена од 1,2 милијарди долари.

-Разговаравме со мојот колега Зоран Заев минатата недела, да го чуваме воздушниот простор на Северна Македонија кога ќе ги добиеме новите авиони. Ова ќе биде добро и за нив и за нас, изјави Борисов.

Официјалниот американски предлог за продажба на борбени авиони F-16 во Бугарија се очекува да пристигне во рок од една недела, објави вчера бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.  Очекуваниот договор за F-16 Блок 70 на Локхид Мартин ќе биде најголемата воена набавка на државата на Црното Море од крајот на комунистичката власт во 1989 година.

Како што пренесува БГНЕС, Северна Македонија се надева дека ќе стане 30. членка на НАТО следната година и, исто така, очекува наскоро да обезбеди датум за почеток на преговорите за пристапување со ЕУ по договорот со Грција за промена на своето име од Македонија. Атина претходно ги блокираше напорите на поранешната југословенска република да се приклучат на двете организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот