Борисов: Бугарија поддржува започнување преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ

На денешната владина седница донесовме одлука да го поддржиме започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на неговиот Фејсбук профил.

– Бугарија е постојана во поддршката за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан со оглед дека процесот на присоединување е клучен двигател за реформи и стабилност во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на ЕК за започнување на претпристапните преговори како со Република Северна Македонија, така и со Албанија. Во исто време, Бугарија не треба да дозволи интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ да биде придружена со европско легитимирање на анти-бугарска идеологија спонзорирана од државата, напиша премиерот Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот