Борисов: Бугарија ќе има колективен имунитет во мај

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Премиерот Бојко Борисов преку видео на Фејсбук објави дека во петокот Бугарија повторно се договорила и во април, мај и до средината на јуни ќе добие 2 700 000 вакцини од „Фајзер“.

– Мислевме дека во август, но убеден сум дека во мај – со повеќе од 3 милиони вакцинирани и опоравени, ќе имаме колективен имунитет за да се стави крај на оваа пандемија, нагласува Борисов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, она што го загрижува Борисов е тоа што Бугарија има 2 милиони дози „Џонсон и Џонсон”, бидејќи пред да стапи во употреба, луѓето почнаа да зборуваат негативно за тоа. Според бугарскиот премиер, трговската војна во моментов трае со страшна сила, а цените веќе се зголемија. Борисов даде пример како Фајзер чинел 12 евра, а сега цената е 15,5 евра.

– Сега ЕУ потпишува договори за 2022-23 година за 900 милиони вакцини, но сега по цена од 19,5 евра.

Новите случаи на заразени со коронавирусот во изминатите 24 часа во Бугарија се 1 352. Тие беа идентификувани по 9 118 тестови. Дека податоците во Бугарскиот унифициран портал за информации покажува дека 14,83 проценти од примероците се позитивни, а бројот на хоспитализирани е зголемен од 10.271 на 10 365 за 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот