Борисов: Бугарија е земја која има нула миграција

Бугарија е земја која има нула миграција, благодарение на сите преземени мерки, во согласност со сите европски правила, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата во Софија со шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек.

Борисов посебно го истакна договорот меѓу ЕУ и Турција за миграцијата, за кој оцени дека функционира одлично.

– На тој начин безбедно ја одржуваме границата и го гарантираме спокојството на Европа, рече тој.

Според неговите зборови, Чешката Република е важен партнер на Бугарија во ЕУ и сојузник во НАТО.

Освен потенцијалот за продлабочување на билатералните односи во трговско-економскиот сектор, на средбата станало збор и за зајакнување на соработката во инвестициите, туризмот, ИТ секторот, прехранбената индустрија, зелени инвестиции, соопшти бугарската владина прес-служба.

Борисов, уште ги истакна добрите макроекономски и финансиски показатели на земјата.

– Бугарија е привлечна за странските инвеститори со своите ниски даноци, стабилна економска средина и огромни финансиски резерви. Имаме исклучително добра даночна средина, инвестиции и стабилност – ќе ги задржиме даноците предвидливи, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот