Борис Новковиќ се разведува по четврти пат

Instagram

Хрватски поп-пејач Борис Новковиќ се разведува по четврти пат. Борис и неговата 25 години помладата манекенката и модел Ирис Волф пред неколку години се соочија со првата криза во бракот, за која пејачот даде и кратка изјава во јавноста.

„Ние се обидуваме ова да го спасиме на наш начин“ – рече тогаш Борис Новковиќ во изјава за медиумите.

Набрзо по избувнувањето на пандемијата, парот објави дека ја надминале кризата и дека очекуваат второ дете. Во 2021 година Ирис и Борис станаа родители по втор пат и го добија синот Нео, по ќерката Си која се роди во 2019 година. Сепак, и покрај нивните обиди парот решил да стави крај на бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic)


Хрватските медиуми пишуваат дека презимето Новковиќ „исчезнало“ од поштенското сандаче во зградата во која живее Ирис, па сега стои само Волф.

„Не сакам да зборувам за приватниот живот“, изјавил Борис за порталот „24сата.хр“.

Последната заедничка фотографија со сопругата Борис ја објави на Инстаграм на почетокот на 2020 година. Парот не се ни следи на социјалните мрежи, а од јануари 2020 година пејачот не се појавил во јавност со сопругата. Пред Волф, Борис се женел три пати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Прва која му го освои срцето беше хрватската актерка Бојана Грегориќ Вејзовиќ, со која се венчаше во 1992 година. Меѓутоа, по пет години, тие се разведоа.

На оваа младешка љубов кум ѝ беше хрватскиот новинар Иво Пуканиќ. Бојана тогаш беше професионална балерина  и имаше 20 години, а пет години повозрасниот Борис, веќе ја освојуваше публиката со неговиот голем хит „Куда иду изгубљене девојке“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTL Show (@rtl.show)


Втор пат се заколна на вечна љубов со новинарката Луција Матиќ. Со неа ги има синовите Ноа и Боно. Додека Луција била бремена со нивниот втор син, Борис се заљубил во сликарката Ива Вишошевиќ. Пејачот ѝ ја признал својата романса со друга жена на Лусија, и набргу се отсели од нивното семејно гнездо и стана потстанар.

Трет пат рипна во тавче со Инес Катиќ. Тие тајно се венчале летото 2016 година во Новаља. Сепак, се разведоа по осум месеци.

Едно од четирите деца на Борис Новковиќ се вика Си, а најмалото добило најуникатно име

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот