Борис Камчев директно од САД: Демократите бараат бесплатно лекување на сите лица, се води политичка битка со републиканците

Драматично се смени реториката на Републиканците во Америка во однос на корона-вирусот. Ако претходно Доналд Трам тврдеше дека станува збор за фама на Демократите, сега повикуваат да се остане дома, ако се земе предвид дека Њујорк станува ново жариште на вирусот, информираше во “Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ денеска новинарот кој живее и работи во Америка, Борис Камчев.

Како што вели тој, САД е во здравствена криза.

-Генерално на ниво на Америка има здравствена криза. Затворени се школите, универзитетите…речиси 2/3 од Америка е затворена. Ова досега го немало во историјата на оваа земја. Се излегува само за најнеопходни работи, во маркетите, во аптеките, меѓутоа дозволени се кратки прошетки за свеж воздух. Кафе баровите и рестораните работат само за достава, а собирања се забранети, вели Камчев.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Њујорк, Камчев вели гувернерот Ендрју Куомо праќа драматични пораки но отфрла секаков вид политика во јавниот дискурс.

Воедно Куомо ги повикал сите здравствени работници да помогнат во Њујорк бидејќи според него има национална криза односно „војна“.

-На ниво на државата пак, Трамп на почетокот тврдеше дека корона вирусот е фама на демократите, а тоа одеше и на ТВ станици кои ја поддржуваат конзервативната десница. Се случи промена, од кампања дека е фама сега конзервативците повикуваат да се седи дома. Трамп сега тврди дека најмногу тестирања се прават во Америка за разлика од било која друга земја. Овде демократите пак бараат бесплатно лекување на сите лица, се води некаква политичка битка“, информираше Камчев директно од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот