Борис Џонсон: Сите сме посветени да ја напуштиме ЕУ до 31. октомври (ВИДЕО)

Новиот британски премиер Борис Џонсон за прв пат се обрати на својот кабинет, по што ќе говори и во Долниот дом на парламентот.

Џонсон го повтори ветувањето дека Велика Британија ќе излезе од Европската унија до 31 октомври и им рече на членовите на владата дека им претстои важна задача во клучниот момент на историјата на земјата, пренесува БиБиСи.

„Сите сме посветени за тоа да го напуштиме ЕУ до 31 октомври или порано, без ако и без но“, истакна Џонсон.

Тој додаде дека новата влада нема да го чека тој датум за да го почне „фантастичниот нов план“ за Голема Британија, што подразбира спроведување на приоритетите на народот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот