Борис Џонсон повика на дипломатија по уривањето на украинскиот авион

Џонсон преку соопштение наведува дека сега е неопходна сеопфатна, транспарентна и независна истрага и додаде дека Велика Британија тесно соработува со Канада, Украина и други меѓународни партнери за телата на загинатите да се вратат во нивните татковини.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека случајното соборување на украинскиот патнички авион со иранска ракета го покажува значењето на деескалацикјата на тензиите на Блискиот Исток и оцени дека признаието на Иран дека авионот по грешка го собориле нивните вооружени сили е важен прв чекор во тој правец.

Џонсон преку соопштение наведува дека сега е неопходна сеопфатна, транспарентна и независна истрага и додаде дека Велика Британија тесно соработува со Канада, Украина и други меѓународни партнери за телата на загинатите да се вратат во нивните татковини.

„На сите ни е јасно дека натамошниот конфликт може да доведе само до поголеми загуби и трагедии. Од клучно значење е сите лидери сега да се свртат кон дипломатскиот пат за решавање на кризата”, наведува Џонсон во соопштението, пренесено од британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот