Борис Џонсон порача: Британските училишта мора да се отворат во септември

epa08294438 A Coronavirus Covid-19 hygiene notice pinned to a primary school gate in London, Britain, 14 March 2020. According to latest figures ten more people have died in the UK bringing the total number of Coronavirus related deaths to twenty one. EPA-EFE/ANDY RAIN

сега знаеме доволно за да да можеме повторно да ги отвориме училиштата за сите ученици да бидат безбедно, имаме морална должност да постапиме така“, напиша Џонсон.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека повторното отворање на училиштата е општествен економски и морален императив и остана на тоа дека ќе можат да работ безбедно и покрај заканата од пандемиајта.

Неговите коментари следуваат по студијата објавена претходно овој месец која се предупредува дека на Велика Британија ѝ се заканува втор бран од ковид-19 оваа зима, двојно поголем од првиот, ако училиштата се отворат без подобрен систем за тестирање и следење.

Во тект за весникот Мејл он Сандеј Џонсон напиша дека повторното отворање на училиштата е национален приоритет. Училиштата би требало последни да се затворат во идните локални карантини, рекол Џонсон.

Училиштата во Ангија се затворија во мај за време на националниот карантин, освен за децата на клучните работници и се отворија повторно во јуни за мал број ученици.

Владата сака сите ученици да се вратат на училиште на почетојот на септември, што Џонсон го нарече „национален приоритет“.

„Држењето на нашите училишта затворени момент плус од она што е апсолутно нужно е неприфатливо, економски неиздржано и морално непротливо“, напиша Џонсон.

Економските трошоци за родителите кои не моѓжат да работат ако училиштата се затворени се спирални и земјата се соочува со големи проблеми ако децата го пропуштат образованието, предупреди премиерот.

„Пандемијата не е завршена и последна работа кој некој од нас може да си ја дозволи е да биде спокоен. Но сега знаеме доволно за да да можеме повторно да ги отвориме училиштата за сите ученици да бидат безбедно, имаме морална должност да постапиме така“, напиша тој.

Весникот Сандеј Тајмс извести дека наредил јавна кампања која би требало да обезбеди отворање на училиштата на време и рече дека на состанокот минатата недела дека тие треба да бидат последните места што ќе се затворат, по рестораните, пабовите и продавниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот