БОРИС ЏОНСОН НА ОБВИНИТЕЛСКАТА КЛУПА: Обвинет дека лажел за трошоците на Британија во ЕУ

Фото: EPA

Судот во Лондон соопшти дека следната недела ќе одлучи дали ќе го повика на сослушување поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон, против кој е поднесено обвинение дека давал лажни информации за трошоците на британското членство во Европската Унија.

Тужбата ја поднел бизнисменот Маркус Бол, чии адвокати пренеле дека од судот е побарано Џонсон да биде сослушан поради злоупотребување на службена должност.

Адвокатите на Бол тврдат дека Џонсон, инаку жесток поборник за Брегзит, лажел додека бил градоначалник на Лондон, бидејќи рекол дека Велика Британија неделно и дава на Унијата 400 милиони евра.

Според нивните зборови, Џонсон знаел дека тоа не е точно, но сепак се одлучувал тоа да го повторува по неколку пати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот