ВИДЕО | Борис Џонсон: Мутираниот коронавирус од Велика Британија може да биде уште посмртоносен

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: EPA-EFE/Pippa Fowles / No10 Downing Street HANDOUT The Image can not be altered in any form. HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Новиот вид коронавирус којшто е откриен во Велика Британија може да биде уште посмртоносен од другите видови, рече британскиот премиер Борис Џонсон на прес-конференција.

– Покрај тоа што се шири побрзо, постојат докази дека новиот вид може да предизвика и поголема стапка на смртност, рече Џонсон на прес-конференцијата.

– Вакцината што ја користиме во моментов е, исто така, ефикасна против нови варијанти, додаде тој.

Советникот на британската влада, Патрик Валанс дополнително ја појасни изјавата на премиерот. Тој рече дека нема разлика во смртноста кај пациентите заразени со различни видови.

– Меѓутоа, кога се гледаат податоците на сите оние коишто се позитивни, постојат докази дека постои зголемен ризик кај оние кои се заразени со нова варијанта на вирусот“, рече Валенс.

Тој додаде дека доказите сè уште не се силни и дека сите податоци сè уште не се целосно потврдени.

Претходните студии покажаа дека британската варијанта на вирусот се шири 30 до 70 проценти побрзо од другите, а можно е да е околу 30 проценти посмртоносна.

Од илјада 60-годишници, заразени со старата варијанта, десет се очекува да умрат. Но, со новата варијанта, тој број се искачува на 13.

Извор: Индекс хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот