Борис Џонсон може повторно да го суспендира парламентот, дури и ако Врховниот суд процени дека одлуката е незаконска!

Британскиот премиер Борис Џонсон, повторно би можел да го суспендира парламентот, дури иако британскиот Врховен суд пресуди дека неговата првобирна суспензија била незаконска, стои во судскиот документ, кој на својот Твитер профил го објавил опозицискиот адвокат Џо Мегам.

Денеска е последниот ден од тридневната расправа пред Врховниот суд во Велика Британија, на која треба да се утврди дали Џонсон постапил незаконски кога го суспендирал парламентот на пет недели во време кога се во тек подготовките за Брегзит, пренесува Ројтерс.

„Зависно од образложението на судот и понтаму ќе остане на премиерот да одлучува за понатамошна суспензија“, стои во правниот документ, напишал Мегам, кој успешно го водел случајот за суспензија на парламентот пред шкотскиот суд.

Адвокатот на Џонсон пред судот бил прашан да објасни што ќе направи Џонсон ако судот утврди дека суспензијата е незаконска, а документот кој на својот Твитер профил го објавил Меган е всушност одговор на тоа прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот