Борис Џонсон: Лекарите се подготвуваа да ме прогласат за мртов

Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата кога минатиот месец на интензивна нега се бореше против заразата со ковид-19.

Џонсон исто така рече дека добил „литри и литри кислород” за да остане жив.

  • Беше тежок момент, неможам да одречам. Бев свесен дека се подготвува план за вонредна состојба. Тие имаа стратегија да одговорат на смртта по „сталинистичко сценарио”, изјави Џонсон во интервјуто за Сан.

Британскиот премиер вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и префрлен на интензивна нега.

Тој признава дека резултатите од анализите на крвта „постојано биле во погрешна насока” и тогаш всушност сфатил дека се уште нема лек за Ковид-19.

Џонсон се врати на работа во понеделникот, еден месец откако беше утврдено дека е позитивен на новиот коронавирус.

Гардијан: Вистината за болеста на Борис Џонсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот