Борис Џонсон ќе си поднесе оставка?!

Според зборовите на главниот британски економист од инвестицската банка „ЈП Морган“, Малколм Бар, британскиот премиер Борис Џонсон, најверојатно ќе си поднесе оставка.

Борис Џонсон, доживеа вистински политички шах мат кога британскиот парламент рано утринава го отфрли неговиот предлог за да се распишат избори, гласајќи „против“.

Претходно, британската кралица Елизабета даде финално одобрение за законот со кој се спречува премиерот Борис Џонсон да ја изведе земјата од Европската Унија без договор на 31. октомври.

Од друга страна, Џонсон бранејќи го својот став за изборите во парламентот, рече дека тоа е единствен начин за Брегзит да се помести од мртва точка.

Покрај тоа, на сила стапи и одлуката на владата за тоа парламентот да се распшти во следните пет недели во екот на кризата.

Законодавното тело официјално е суспендирано со формална церемонија во Домот на лордовите, а спикерот во Долниот дон Џон Беркау го изразил своето незадоволството, со зборовите дека многумина сметаат дека тоа е „акт на измама на извршната власт“.

Пратениците на 14. октомври ќе се вратат во Парламентот, нешто повеќе од две недели пред Британија да ја напушти унијата според моменталниот договор на 31. октомври.

Многумина си го поставуваат прашањетo: „И што сега?“.

Водечкиот британски економист при „ЈП Морган“ смета дека новоизбраниот премиер ќе мора да си поднесе оставка, ако не пронајде некое „магично решение“.

– Една опција е премиерот да го претстави договорот за Брегзит до парламентот и да добие одобрение за него или да поднесе оставка и да дозволи на некој друг од ЕУ да побара одложување. Во овој момент, сметаме дека оставката е најреална опција – истакнува Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот