Борис Џонсон именуваше министер кој ќе ги распределува вакцините против ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен Печат

 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го именуваше Надхим Захави за министер одговорен за распределба на ваквината против новиот коронавирус.

Захави е секретар за бизнис, а со новата функција ќе го известува британскиот министер за здравство Мет Хенкок и првенствено ќе биде фокусиран на распределбата на вакцината, а ќе задржи и некои одговорности во Министерството за бизнис.

Новиот ангажман на Захави е привремен и ќе трае најмалку до следното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот