Борел: Задоволен сум од договорот, можеме да се фокусираме на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, денеска изјави дека е задоволен од договорот за регистарските таблички што беше постигнат вчера во Брисел, бидејќи ќе помогне да се надмине кризата. Додаде дека сега фокусот на разговорите ќе биде на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, пренесува РТВ.

„Вчера, кога слетав во Барселона, можев да споделам дека договорот е постигнат благодарение на посредништвото на ЕУ и мојот претставник кој ги предводеше разговорите“, рече Борел на прес-конференција.

Тој посочи дека Белград и Приштина го прифатиле предлогот што ќе помогне да се надмине кризата.

„Сега конечно можеме да се фокусираме на она што е најважно, а тоа е воспоставување нормални односи меѓу Белград и Приштина“, рече тој.

Тој нагласи дека Белград се согласил да престане да издава регистарски таблички, а Приштина се обврзала да престане да ја применува казнената мерка што ја најави.

„Мислам дека предлогот е разумен. Двете страни рекоа дека она што беше потпишано претходно ќе се спроведе“, посочи Борел.

Тој додаде дека е договорено и продолжување на разговорите во Брисел за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Мислам дека ова е многу важен договор и дека ја спречува опасноста од избувнување на уште една криза што можеше да предизвика ескалација на насилството на северот на Косово“, рече Борел.

Тој изрази надеж дека со поддршка на меѓународната заедница ќе продолжат дискусиите за предлогот, кој има целосна поддршка од Германија и Франција, за да се постигне трајно решение во односите меѓу Белград и Приштина.

Инаку портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека договорот постигнат во средата вечерта не е крај на процесот, туку почеток на работата.

На прашањето што може да се очекува следно, бидејќи претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Србите ќе се вратат во институциите кога ќе се исполни вториот услов – формирање на ЗСО и дали ЕУ работи на исполнување на тој услов. Стано истакна дека „враќањето на косовските Срби во институциите е едно од основните очекувања на ЕУ и дека истото важи и за формирањето на Заедницата на српски општини“.

ВИДЕО | Стано: ЕУ очекува формирање на ЗСО и враќање на Србите во институциите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот