Борел: За неколку месеци ќе има конечно решение на дијалогот Белград-Приштина

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави денеска дека конечното решение за спорот меѓу Белград и Приштина ќе се постигне за месеци, а не години.

Сепак како што вели тој, условот за тоа е двете страни да размислуваат конструктивно.

Борел на тој начин им одговори на прашањата на новинарите дали е точен заклучокот дека дијалогот е во застој, затоа што двете страни не можат да се договорат околу темата на преговорите и како министрите гледаат на барањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да се каже јасно дали вратите на ЕУ ќе бидат отворени за Србија, ако Србија донесе „тешки одлуки во врска со Косово“, како што изјави Лајчак пред сесијата.

Високиот претставник на ЕУ рече дека и Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти истакнале приврзаност кон европската интеграција и дека тие „знаат дека какво и да биде решението за конфликтот Белград-Приштина, тоа е важен услов за напредок кон Европската унија“.

Лајчак ги извешти шефовите за дипломатија во Унијата за развојот на дијалогот и тие му дадоа целосна поддршка за негово продолжување на посредување на преговорите.

Министрите на ЕУ се решени дијалогот успешно да заврши и побараа од Белград и Приштина да преговораат „во добра вера и духот на компромис“, рекол Борел и нагласил дека „успехот на тој дијалог е од клучно значење за стабилноста на регионот и самата Европска унија“.

Високиот претставник на ЕУ наведе дека „добро се знае“ дека постои само еден дијалог кој го посредува Унијата, а се добредојдени сите иницијативи кои помагаат.

„Ние ја поздравуваме улогата на САД како важен партнер, но Европската унија е посредник и го води тој дијалог“, истакна Борел и напомена дека земјите кои сакаат да станат членки на Унијата мораат да исполнат услов на добрососедски односи и регионална соработка.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот