Борел со охрабрување до Заев: Продолжете со исполнување на ЕУ реформите

Фото: EPA-EFE/Sean Gallup / POOL

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел по видео средбата со премиерот Зоран Заев, порача дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и ја охрабри Владата за реформските напори.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабиент, му честитал на Заев за неговиот реизбор и ја охрабрил неговата Влада да продолжи да ја исполнува реформската агенда за ЕУ.

– Тој, исто така, повторни дека ЕУ останува посветена да и помогне на Северна Македонија во справувањето со пандемијата на коронавирусот и нејзините последици, информираа од Кабинетот на Борел.

Оттаму, во тој контекст, потсетуваат на Економскиот и инвестициски пан за долгорочно закрепнување на економијата на регионот. Шефот на дипломатијата на ЕУ го поздравил и фактот што Северна Македонија се усогласува сѐ повеќе со позициите на Унијата во делот на надворешната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот