Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека не е оптимист за ситуацијата во Украина и верува дека Русија нема да преговара додека не победи во конфликтот со Киев.
– Гледам јасна решеност на Русија да победи во оваа војна. Русија нема да преговара додека не победи – изјави Борел на експертскиот форум во Барселона.
Тој додаде дека не е оптимист за тоа како може да се развие овој конфликт во текот на летото, но дека ЕУ треба да продолжи да дава воена помош за Украина.
Борел претходно во Брисел рече дека, иако продолжил да ја координира воената помош за Украина од Европската унија, тој не се чувствува како врвен дипломат на ЕУ, туку како „министер за одбрана на блокот“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фронтменот на сараевската група „Црвена јабука“, Дражен Жериќ – Жера, со својот бенд ќе одржи концерт во Скопје, на 10 октомври во салата „Јане Сандански“. Жера е, всушност, единствениот член од првиот состав на култната група, кој настапува и денес. Иако со прекини, според него, групата опстојува од 1985 година само поради добрите песни и …
„Слободен печат“ во поддршка на старите занаети од Скопската чаршија. Преку интервјуа со занаетчиите ќе се обиде да ги спаси од заборав, да ги запозне младите генерации со традицијата која со векови се одржува во Чаршијата. Можеби прилозите ќе бидат поттик за некој млад човек некој занает да го одбере за своја идна професија и …