Борел синоќа организирал вечера за лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јозеп Борел организираше неформална вечера со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН, на која се разговарало за ситуацијата во регионот и односите ЕУ -Западен Балкан, како и за подготовките за самитот ЕУ -Западен Балкан на почетокот на октомври, пренесува Данас.рс.

„Ова даде можност да се разговара за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ. Високиот претставник ја истакна потребата од силна посветеност од двата партнери, и од Западен Балкан и од Европската унија, и нејзините земји-членки во надминување на сегашната динамика и придвижување на процесот напред”, соопшти денеска Канцеларијата за надворешни работи (ЕЕАС).

На синоќешната средба присуствуваа претседателите на Северна Македонија, Стево Пендаровскина, Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, и на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

Тоа беше втора средба со лидерите на Западен Балкан, организирана од високиот претставник, по неформалната вечера во Брисел во мај, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот