Борел: Се надевам на важен исчекор во нормализација на односите Белград – Приштина

В четврток во Брисел предвидена е физичка средба Вучиќ – Хоти. 

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Беглград – Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина.

– Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Имаме широка агенда и договор за тоа за што мораме да разговараме за да дојдеме до правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Приштина и Белград, истакна Борел.

Тој додаде дека ЕУ и специјалниот претставник Мирослав Лајчак „направиле добра работа” за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.

Лајчак по вчерашната видео-средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека „Дијалогот е вратен на вистинскиот пат” по 20 месечен застој.

В четврток во Брисел предвидена е физичка средба Вучиќ – Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот