Борел се надева на договор за оживување на поморската мисија на ЕУ

Фото: ЕПА

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел на денешниот состанок на министрите за надворешни работи изрази надеж дека ќе биде постигнат договор за оживување на воената мисија на ЕУ која минатиот месец престана да распоредува бродови, откако Италија соопшти дека повеќе нема да прима мигранти спасени на море.

– Мислам дека денеска нема да можеме да донесеме конечна одлука – изјави Борел.

Италија е подготвена да ги рестартира поморските патроли, изјави заменик министерот за надворешни работи на Италија минатата недела, но дипломатите рекоа дека Австрија сè уште го блокира планот, врз основа на својот став дека луѓето што се спасени на отворено море не треба да бидат однесени во Европа.

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас ја повика ЕУ да се договори за мисијата, еден ден откако висок официјален претставник на ОН предупреди дека ембаргото за вооружување со цел сузбивање на борбата во Либија нема смисла, бидејќи нема кој да го спроведе.

– Се работи за безбедноста на Европа – рече Мас.

Борел вчера ја критикуваше Виена, иако не ја именува Австрија, велејќи дека е неприфатливо земја без морнарица да може да ја запре поморска мисија на ЕУ.

На Борел му е потребна поддршка од сите 27 земји-членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот