Борел: Рестартирање на дијалогот меѓу Белград и Приштина е на врвот на мојата агенда

Дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете страни е закочен веќе година и половина поради царините што ги воведе Косово врз српските производи.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, изјави дека Западен Балкан ќе биде негов приоритет се додека е на оваа функција. Вели дека рестартирањето на дијалогот помеѓу Приштина и Белград ќе биде на врвот на неговата агенда.

Тој утре ќе патува за Приштина, а се очекува потоа да го посети и Белград.

-Силно се ангажирам да дијалогот кој е по посредство на ЕУ да се рестартира и поради оваа причина ќе ги посетам Косово и Србија, како први земји од регионот во текот на оваа недела-, напиша Борел на твитер.

Дијалогот за нормализирање на односите меѓу двете страни е закочен веќе година и половина поради царините што ги воведе Косово врз српските производи.

Европските дипломати се надеваат дека ќе успеат да изнајдат решение со новата косовска Влада за надминување на овој спор, што е предуслов за Белград повторно да се ангажира во преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот