Борел пробал да го убеди Зариф да се почитува нуклеарниот договор

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Средбата на двајцата дипломати се одржала во Њу Делхи, на маргините на безбедносна конференција.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, се сретнал со шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф со цел Техеран да се убеди да „го почитува” се покревниот нуклеарен договор, се наведува во соопштението на Брисел, пренесено од француските медиуми.

Средбата на двајцата дипломати се одржала во Њу Делхи, на маргините на безбедносна конференција.

„Првиот човек на европската надворешна политика Жозеп Борел се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Њу Делхи… предупредувајќи го дека договорот сега е поважен од било кога претходно”, имајќи ги предвид нараснатите тензии на Блискиот Исток”, се наведува во соопштението од ЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот