Борел повика на итна деескалација на северот на Косово

Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Шефот на дипломатијата на Европската унија , Жозеп Борел вечерва повика на итна деескалација на северот на Косово и додаде дека секоја провокација или еднострана акција што е спротивна на интересите на луѓето во регионот мора да се избегнува.

„Го повикуваме раководството во Белград и Приштина да преземат одговорен пристап и да работат преку дијалог со посредство на ЕУ со цел да избегнат понатамошна ескалација, да воспостават мирна атмосфера и да работат на одржливи решенија. Во интерес на сите е да се бара начин напред што овозможува слобода на движење и што го подобрува секојдневниот живот на луѓето”, се вели во соопштението

Во него се додава дека дијалогот со посредство на ЕУ е единствената платформа за решавање на сите отворени прашања и ЕУ силно апелира до двете страни да го искористат целосно.

Борел нагласи дека сите договори постигнати во процесот на дијалог со посредство на ЕУ од неговиот почеток во 2011 година се валидни и обврзувачки за двете страни.

„Досегашните договори се важен елемент за сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија. ЕУ и нејзините земји-членки ги повикуваат Косово и Србија целосно и без одлагање да ги почитуваат и да ги спроведуваат сите свои обврски од дијалогот”, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот