Борел оптимист за преговорите за иранската нуклеарна програма

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел денеска изрази надеж дека европските и иранските дипломати наскоро ќе се сретнат за да се обидат да ги заживеат нуклеарните преговори, но одби да ги потврди извештаите дека состанокот ќе се одржи в четврток во Брисел.

Претходно, „Блумберг њуз”, повикувајќи се на изјава на ирански пратеник, информира дека иранскиот министер за надворешни работи вчера рекол оти состанокот ќе се одржи овој четврток.

– Никогаш не се знае, а денес сум пооптимистичен од вчера. Сè уште нема потврда, но работите се подобруваат и се надевам дека во наредните денови ќе имаме подготвителни состаноци во Брисел, рече Борел во Луксембург, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Преговарачот на ЕУ задолжен за иранската нуклеарна програма Енрике Мора минатиот четврток беше во Техеран за да се сретне со членовите на иранскиот преговарачки тим, четири месеци откако беа прекинати разговорите меѓу Иран и светските сили.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот