Борел: Нема да застанеме додека Западен Балкан не бидел дел од ЕУ

 Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави пред Советот за безбедност на ОН дека „ЕУ нема да застане додека земјите од Западен Балкан не станат дел од ЕУ”.

– За таа цел, ние сме целосно мобилизирани за поддршка на помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика, нагласи Борел.

Во својот говор, тој најави дека следната недела во Брисел ќе се одржи нов состанок на дијалогот Белград-Приштина, организиран од ЕУ.

На сесијата посветена на соработката меѓу ОН и ЕУ, Борел пред Советот за безбедност на ОН зборуваше за улогата и поддршката што ЕУ ги дава за одржување на глобалниот мир и безбедност, соработката со ОН и регионалните организации.

Тој ги наведе Западен Балкан како примери за длабок ангажман на ЕУ, каде што се потребни итни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот