Борел: Не е точно дека само се преправаме оти сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска изјави дека Европската унија вложува многу пари во Западен Балкан и оти не е фер да се каже дека ЕУ само се преправа дека ги сака земјите од регионот во својот состав.

– Сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да ни се доближат, да влезат во системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме оти сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мора да ги завршат своите домашни задачи: да ги исполнат стандардите кои важат за сите членки, рече Борел гостувајќи на онлајн конференцијата на Американскиот атлантски сојуз.

Тој додаде дека  се исто така присутни на Балканот и оти се претставуваат како ним да им е повеќе грижа за Западен Балкан откРусија, Кина и Турцијаолку на Европската унија.

– Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот меѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ му помага на Балканот многу повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата. Нашиот економски план за Западен Балкан е девет милијарди евра, истакна Борел.

Тој рече дека европскиот блок на Балканот инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција, но оти можеби мора подобро да објасни што и зошто прави.

– Ние помагаме, но бараме реформи. Другите не бараат. Реформите што ги бараме не се хир, туку им се потребни на тие земји и на нивните луѓе, како што е искоренување на корупцијата. Штета е ако некои луѓе мислат дека само се преправаме. Тоа не е фер, оцени Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот