Борел: Косово нема да биде држава без признание од Русија, Кина и Индија

Фото: EPA-EFE/DAI KUROKAWA

Жосел Борел, новоименуваниот ше на дипломатија на ЕУ, зборуваше за дијалогот меѓу Белград и Приштина како и за актуелната ситуација во Косово.

– Едно нешто е јасно: Косово и Србија мора да постигнат договор. Тоа е важно. Ќе направам сѐ што можам за да го исполнам овој приоритет – изјави Борел.

Тој пред надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент порача дека дијалогот на Белград и Приштина мора да продолжи.

– Косово мора да ги повлече царините, а Србија да се ангажира целосно во длабок и искрен дијалог –  оцени Борел.

На прашањето дали кредибилитетот и интегритетот на неговата политика во дијалогот на Белград и Приштина ќе биде доведен во прашање поради позицијата на Шпанија која не ја признава независноста на Косово, Борел кажа дека иако земјите членки не се согласни околу признавањето, тие се обединети во ангажманот за решавање на проблемот.

– Ако Кина, Индија и Русија не го признаат Косово, Косово нема да биде држава. Затоа мора да работиме за овие разговори да продолжат – порача Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот