Борел: Конфликтот во Тиграј може да го дестабилизира Рогот на Африка

 Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изрази стравување дека насилството во етиопскиот регион Тиграј може да се пренесе и врз соседните земји, јави ДПА.

„Овој конфликт се заканува да го дестабилизира целиот Рог на Африка”, напиша тој во постот посветен на африканскиот регион во кој се уште има судири.

Борел во постот додаде дека од финскиот министер за надворешни работи, Пека Хаависто, побарал да отпатува за Етиопија за да ја повтори загриженоста на Европската унија. „Престанокот на кршењето на човековите права и враќањето на мирот се главните приоритети за Европа”, напиша Борел.

Покрај Етиопија, Рогот на Африка ги вклучува и источноафриканските земји Сомалија, Џибути и Еритреја.

„Ситуацијата во Тиграј се повеќе се влошува”, напиша Борел и додаде дека постојат извештаи за систематско силување и грабежи, како и обвинувања дека се вршат воени злосторства.

Етиопија во ноември ја почна големата воена офанзива врз нејзиниот северен регион Тиграј што имаше за цел да ја намали моќта на Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ), што владееше со овој регион и особено бидејќи беше критички настроен кон централната влада.

Етиопската Влада на почетокот на декември го прогласи конфликтот за завршен, иако и Обединетите нации и САД наведуваат дека оттаму и натаму пристигнуваат извештаи за актуелни судири меѓу завојуваните страни, додава ДПА.

Непријателствата во северна Етиопија набрзо прераснаа во комплексен конфликт во кој се вклучи и соседна Еритреја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот