Борел „искрено и отворено“ со Димитров и со Османи: Сè уште нема вакцини за земјите надвор од ЕУ

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на денешната средба со потпретседателот на Европската Комисија (ЕК) и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, разговарале за пристапот до анти-ковид вакцини и за регионалните предизвици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од кабинетот на шефот на европската дипломатија, попладнево информираа дека средбата била „искрена и отворена” и станало збор за „неспорната перспектива” за членство во ЕУ на Северна Македонија, како и за начинот да се деблокира почетокот на преговорите.

Борел, Димитров и Османи разговарале и за регионалните прашања, вклучително и за пристапот до вакцини за Северна Македонија, како и за земјите од Западен Балкан.

ЕУ нагласува дека на располагање ставила 70 милиони евра за регионот од кои осум милиони се наменети за Северна Македонија, за да се покрие набавката на дози и на потребна опрема за вакцинација, но засега вакцини за земјите надвор од ЕУ сѐ уште нема, и покрај ветувањата на Унијата и на механизмот Ковакс.

Нарачките од фармацевтските компании доцнат и за земјите членки, но во ЕУ се надеваат дека откако ќе се добијат потребните дози за втората рунда вакцинација ќе може да се забрза процесот и за третите земји, вон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот